650
Гуангжу Евергранде
комплетно потфрли оваа сезона, остана без титулата во првенството на Кина, беше
елиминиран уште во групнтата фаза во азиската Лига на шампиони, а доживеа
неуспех и во купот.
Па се поизвесно е
дека Фабио Канаваро ќе добие отказ и работите се одолговлекуваат само поради
„дебелата“ компензација која треба да ја добие.
Легендата на
Италија има уште две години од договорот според кој му следи плата од 12
милиони евра по сезона, па за предвремен прекин на соработката треба да
инкасира 24 милиони евра.