Откако го откупи Томори, Милан сака уште тројца играчи од Челси

by
1 минути читање

Неодамна во целост го откупија Фикајо Томори, а според „Скај Спортс“ тие се интересираат и за Оливие Жиру, Хаким Зијеш и Тимуе Бакајоко.

„Скај Италија“ информира декак агентот на Жиру веќе постигнал согласност за двегодишен договор на својот клиент со Милан за плата од 3,5 милиони евра по сезона плус бонуси. Останува двата клуба да се договорат за трансферот да биде комплетиран.

Малдини сака да го купи и Хаким Зијеш во кого Милан гледа замена за Чалханоглу кој се пресели во Интер. Офанзивниот играч, една сезона е на Стемфорд Бриџ, но конкуренцијата е голема, па не е често на теренот.

Третата желба е Бакајоко, кој веќе една сезона одигра во Милан на позајмица од Челси, а потоа играше и во Монако и Наполи.

Очигледно дека ниту тој не е во плановите на Челси за првиот тим, па Милан сака да го искористи тој момент и да го ангажира.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×