Откако добија три корпи, Гвардиола и Сити го активираат планот Д за ангажман на дефанзивец

by
1 минути читање

Пеп Гвардиола сака да го засили централниот дел на одбраната, „граѓаните“ се поврзуваа со неколку имиња, но имаа потешкотии да договорат трансфер.

Никако не можеа да најдат компромис со Наполи за услугите на Калиду Кулибали, беа одбиени од Атлетико Мадрид за Хосе Хименез, а добија „корпа“ и од Севиља за Жил Кунде.

Манчестер Сити пред крајот на преодниот рок сепак ќе се засили со дефанзивец, неколку извори пренесуваат дека се водат напредни преговори со Бенфика за трансфер на Рубен Диаш.

Се работи за зделка од 50-55 милиони евра, плус услугите на Николас Отаменди, кој се проценува на 15 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани