2,8K
Де Паул со фантастична асистенција до Ди Марија во финалето против Бразил, беше еден од најзаслужните за титулата на Аргентина на Копа Америка.
Неговиот трансфер во Атлетико Мадрид веќе беше договорен, а од синоќа е и официјализиран.
Тој потпиша петгодишен договор со Атлетико Мадрид
27-годишниот Де Паул и претходно има играно во Примера, од 2014 до 2016 го носеше дресот на Валенсија.
„Многу сум среќен што доаѓам во шампионот на Шпанија, ги знам и одговорностите кои доаѓаат со овој трансфер. Ова е голем чекор во мојата кариера кој доаѓа по освојувањето на Копа Америка. Тоа ми дава повеќе сила да ги исполнам очеувањата“, вели Де Паул.