Осимен преку социјалните мрежи бараше жена која продава вода во Лагос за да ѝ помогне (ФОТО)

by
1 минути читање

Една слика од нигериска жена со една нога која продавајќи вода во Лагос се бори да преживее, го погоди Осимен.

Напаѓачот на Наполи, преку социјалните мрежи се потруди да ја најде својата сонародничка. Тој напиша: „Помогнете ми да ја најдам оваа жена“.

24 часа подоцна тој ја најде жената, Мери Даниел со која зборурваше преку видео пвик.

„Здраво, среќен сум што те најдов. Како си? Знам дека не е лесно. И јас сум бил на улиците, боли премногу кога те гледам тебе. Си го повредив грбот, денеска сум подобар и тука сум да ти помогнам“, и рече Осимен.

Мери Даниел се насмевнала и му се заблагодарила на Осимен кој и иветил дека ќе и помогне и закажал состанок кога ќе се врати во Нигерија за празниците.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани