Орсолини го шокираше Интер во 94. минута, трката за Скудетото станува супер-интересна!

by riste
1 минути читање

Болоња со 1-0 го победи Интер, а тоа значи дека нероазурите и Наполи сега имаат ист број на бодови на врвот во Серија А.

Најголемиот дел од мечот меѓу Болоња и Интер беше неинтересен, но како дуелот се ближеше до крајот домаќините напаѓаа се повеќе и повеќе.

Кога се чинеше дека ќе нема победник на овој дуел, Орсолини постигна убав гол во 94. минута и донесе победа за Болоња.

На пет кола до крајот Интер и Наполи имаат по 71 бод.

Ако две екипи имаат ист број на бодови во Серија А одлучува меѓусебниот дуел, но интересно и двата дуели меѓу Наполи и Интер завршија 1-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани