Организаторот на кобниот лет за Сала доби затворска казна од 18 месеци

by
1 минути читање

Бизнисменот кој
го организираше летот во кој пред две години загина 28 годишниот фудбалер Емилијано Сала и
пилотот 59 годишниот Дејвид Иботсон, 67 годишниот Дејвид Хендерсон доби
затворска казна во времетраење од 18 месеци поради непочитување на
безбедносните протоколи за летот.

Хендерсон го
организирал летот откако фудбалскиот агент Вилијам МекКеј побарал таква услуга,
а Хендерсон инаку побарал од Иботсон тој да биде пилотот кобниот ден, бидејќи
бил на одмор со својата сопруга во Париз.

Иботсон кој
сосема регуларно ги обавувал своите обврски кон бизнисменот, немал лиценца за
комерцијални и ноќни летови, а на судењето Хендерсон призна дека го организирал
летот без дозвола и авторизација.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×