Опта го објави фаворитот за освојување на Светското клупско првенство! (ФОТО)

by riste
0 минути читање

Специјализираната агенција за статистика Опта, ги објави предвидувањата за крајниот исход на Светското клупско првенство.

Титулата ќе ја освои екипа од Европа, сите европски екипи кои останаа се рангирани пред било кои други во листата на фаворити.

Најмногу шанси за кревање на големиот трофеј му се даваат на ПСЖ, 20,6%, но ептен блиску е Манчестер Сити со 20,4%, трет е Интер со 12,4%.

Изненадувачки, Реал Мадрид е дури шести фаворит со само 9,7% шанси за освојување на трофејот.

Прв неевропски тим кој е на листата е Палмеирас со 0,9% шанси да победи на натпреварувањето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×