Иако се веруваше дека Интер веќе има договор со Онана за тој да се пресели како слободен играч по крајот од сезоната, сепак голманот вели дека не е така и за него прва опција е Барселона.
Пред да се пресели во младинскиот тим на Ајакс, Онана пет години беше дел од младинската школа на Барселона, па вели дека тоа е и неговиот дом.
„Разгледуваме неколку опции, но се уште ништо не сме одлучиле. Го чекаме вистинскиот проект. Јас сакам да бранам секое коло“, вели Онана.
„Во моментов немам ништо со Интер. Се пишува многу, и за Арсенал, и за Барселона. Но медиумите се дел од фудбалскиот живот и тоа е нормално“.
„И по моето заминување од Барселона продолжив да комуницирам со клубот. Во многу добар однос сум. Барселона е мојот дом и секогаш ќе имам контакт“.
„Секако дека Барселона е мојот прв избор. Тоа е мој дом, таму пораснав. Доколку Барселона ме сака, ќе бидам во Барселона“.
Се шпекулира дека Барселона би можела да го продаде Тер Штеген со цел да заработи пари за излегување од финансиската криза, па во една таква ситуација би можеле да го ангажираат Онана кој на Камп Ноу би пристигнал како слободен играч.