Омилениот медиум на Реал Мадрид падна ниско, прави притисок врз судиите за мечот со Челси (ФОТО)

by
1 минути читање

Иако на Островот
не споменаа ништо околу делењето на правдата на натпреварите во Лигата на
шампионите и Лига Европа, односно не направија никаков притисок врз европската
куќа на фудбалот УЕФА, за тоа веќе се погрижи „Марка“, медиум кој е општо
познат по блискоста до Реал Мадрид.

Фер Плеј Чеферин“,
стоеше денеска на насловната на весникот, алудирајќи на претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, а на која се најде и главниот арбитар
за вечерашната пресметка помеѓу Реал Мадрид и Челси во полуфиналето од Лигата
на шампионите, Дени МекКели.

И повеќе од јасно
е дека „Марка“ со ова прави притисок во корист на „Кралевите“ и ќе чека
минимална грешка вечерва за при евентуален пораз да се префрли вината на друг.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×