Омикрон не може да го одложи Африканскиот куп на нации, ќе се игра според предвиденото

by
1 минути читање

Европските фудбалски гиганти прават притисок да се одложи Африканскиот куп на нации поради омикрон сојот кој е најзастапен во Африка, но забрзано се шири и во целиот свет.

Сепак, првиот човек на африканскиот фудбал, Патрис Мостапе потврди дека нема да има никакво одложување на турнирот.

„Мора да веруваме во себе. Мора да веруваме како Африканци дека можеме да организираме успешен и безбеден Африкански куп на нации. Пред нас е голем предизвик, но ситуацијата секаде е иста, а гледаме дека фудбал се игра. Нема причина зошто да не се игра во Африка. Нема од што да се криеме, мора да се соочиме со проблемите и да покажеме дека можеме да бидеме добри организатори“, изјави Мостапе.

Африканскиот куп на Нации ќе се одржи во Камерун и Буркина Фасо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×