Омерагиќ: Воска и Гостивар чекаа причина за да ја напуштат лигата!

by 24 фудбал
1 минути читање

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ гостуваше на емисијата „Топ Тема“ на телевизијата „Телма“. Тој се вклучи преку видео повик бидејќи не стигна да се врати навремено од патување во Германија, а зборуваше на повеќе теми.

Една од темите беа Воска Спорт и Гостивар, кои ја напуштија ПМФЛ пред крајот поради одредени моменти за кои сметаа дека се спорни.

Никој не ги исфрли Воска и Гостивар, тие самите се исфрлија со своите потези. Фудбалската федерација нема никаква вина. Двата клуба бараа причина за да се повлечат. Поточно, сопствениците на клубовите бараа причина да се повлечат од клубовите, очигледно не можеа да функционираат на начинот на кој сакаат. Разбраа дека немаа повеќе исполнување на желби како во минатото. Сето тоа е симптоматично, за мене не беше изненадување, имавме информации дека Воска се подготвува да ја напушти лигата и ја најде својата причина. Нема да дозволиме анархија, судиски грешки имало и ке има. Во минатото и Воска како Вардар во тој меч има користено, ама нивните противници не го напуштале теренот и лигата“, изјави Омерагиќ.

Фудбалската федерација на Македонија имаше полни раце работа поради различни теми, натпревари, спорни моменти…

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани