Оливие Жиру даде деби-гол во МЛС и тоа од слободен удар! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
0 минути читање

Оливие Жиру го постигна својот прв погодок во МЛС лигата во дресот на Лос Анџелес во ефикасното реми против Портланд Тимберс (3-3).

Францускиот ветеран изведе слободен удар од 17-18 метри и шутна многу прецизно. Топката од пречката заврши во мрежата за 2-1 во 45. минута. За Жиру ова беше трет погодок во дресот на Лос Анџелес, но прв во првенството откако даде два во куповите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани