Олисе одлучил да оди во Реал Мадрид – сагата почнува! (ФОТО)

by riste
1 минути читање

Францускиот весник „Л’Екип“ излезе со насловна за Мајкл Олисе и неговата желба за трансфер во Реал Мадрид.

На насловната страница пишува: „Мајкл Олисе одлучил да му се приклучи на Реал Мадрид. Сагата почнува“.

Реал Мадрид посакува да го ангажира Олисе, но засега ставот на Баерн е дека нема намера да го продаде фудбалерот.

Тие го сметаат Олисе за еден од клучните играчи во тимот и не сакаат да се ослободат од него.

Но, фудбалерот е одлучен да се пресели во Реал Мадрид и ќе направи напор тоа да се случи. Не е исклучена можноста да поднесе и барање за трансфер.

Реал Мадрид будно ја следи ситуацијата и доколку се укаже и најмала шанса ќе се обиде да ја искористи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×