Филипе Кутињо е
на листата за продажба во тимот на Барселона за ова лето, а се верува дека
последен клуб кој пријавил интерес за 29 годишниот Бразилец е францускиот
прволигаш Олимпик Марсеј.
Барселона веќе
извесен период е по потрага по сериозен кандидат кој ќе исплати обештетување за
потписот на Кутињо, меѓутоа претпоставките се дека финансиските детали околу
оваа тема се проблематични за клубовите кои се заинтересирани за договор.
Францускиот
прволигаш има одлични конекции со Барселона, а во пресрет на нивното учество во Лига Европа за новата сезона, посакуваат и звучно име во својот
состав.
„Л’Екип“ наведува дека Олимпик Марсеј веќе
побарал еден вид асистенција од своите спонзори за да се соберат потребните средства
за ангажман на Кутињо.