Милан е елиминиран од Лига Европа! Големо изненадување направи Олимпијакос. Грчкиот тим победи со 3-1, тоа беше истиот резултат со кој загубија во Милано, но поради подобра гол разлика одат понатаму иако имаат исти бодови.
Мрежите мируваа во првото полувреме, резултатот конечно беше отворен во 60. минута кога Сисе даде гол за водство на Олимпијакос од 1-0.
Во 70. минута Запата си постигна автогол за водство на Олимпијакос од 2-0, но веднаш потоа се искупи, во 72. минута даде погодок и намали на 2-1.
Но, грчкиот тим продолжи да напаѓа, на десет минути пред крајот Фортунис од пенал постигна гол за конечна победа од 3-1.
Стефан Ристовски по отсуството поради повреда се врати во тимот на Спортинг Лисабон и одигра 65. минути, неговиот тим победи со 3-0 и со победа само го потврди пласманот понатаму кој го заверија уште во минатото коло.
Иван Тричковски во игра влезе во 57. минута на мечот против Баер Леверкузен. АЕК Ларнака загуби со 5-1.
Адеми и Елмас не настапија за Динамо Загреб односно Фенербахче кои исто така веќе имаа обезбедено место во следната фаза. Динамо Загреб одигра 0-0 со Андерлехт, Фенербахче со 1-0 загуби на гостувањето кај Спартак Трнава.
Арсенал со гол на Лаказет со 1-0 го совлада Карабак. Нашиот голман, Дени Илиев беше на клупата на овој натпревар.