192
Македонскиот репрезентативец, Димитар Митровски по одличните настапи за Вараждин во изминатата сезона, направи трансфер во словенечкиот клуб, Олимпија Љубљана.
26-годишниот Митровски беше во тимот на колото од сезоната во најдобрата хрватска лига, а неговите настапи не останаа незабележани.
Актуелниот шампион на Словенија, Олимпија Љубљана денеска информираше дека потпишува со Митровски договор до 2028 година.
Се шпекулира дека сумата која ја плаќаат за Македонецот изнесува 800.000 евра што го прави Митровски најскапото засилување во клупската историја на Љубљана.
Митровски во новиот тим ќе го носи дресот со број 8.