Ојарзабал во финишот донесе победа за Шпанија над Австралија

by
1 минути читање

Шпанија во вторто коло дојде до првата победа на Олимписките игри, ја совладаа Австралија со 1-0, а стрелец на единствениот гол беше Ојарзабал во 81. минута од натпреварот.

Во оваа група со идентични 1-0, Аргентина го совлада Екипет.

Шпанија има четири бода на првото место, Австралија и Аргентина имаат по три бода, Египет е последен со бод.

Бразил одигра 0-0 против Брегот на Слоновата Коска, а Германија со 3-2 ја совлада Саудиска Арабија.

Прв е Бразил со четири бода, толку има и Брегот на Слоновата Коска, Германија има три бода, Саудиска Арабија е без бодови.

Германија за да оди во четвртфиналето ќе мора да ја победи селекцијата на Брегот на Слоновата Коска во последното коло.

Во драматичен меч Франција извојува тешка победа од 4-3 над Јужна Африка, Жињак со хет-трик беше херој на Французите. Јапонија со 2-1 го совлада Мексико.

Јапонија е прва со шест бода, Мексико и Франција имаат по три, Јужна Африка нема бод.

Најубедлива денеска беше Јужна Кореја која со 4-0 ја совлада Романија, Хондурас со 3-2 беше подобар од Нов Зеланд.

Во оваа група сите репрезентации имаат по три бода.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×