Охрид и Силекс одиграа меч без победник, финалистот во Купот ќе се бара во Кратово

by 24 фудбал
1 минути читање

Екипите на Охрид и Силекс одиграа натпревар без победник (1-1) во првиот полуфинален дуел во Купот на Македонија.

Натпреварот на „Билјанини Извори“ во Охрид понуди два гола во првиот дел, а потоа во продолжението мрежите мируваа. Први до предност дојдоа домашните фудбалери со голот на Иван Глигоров кој во 35 минута погоди за 1-0 и радост на трибините.

Сепак, до паузата Силекс успеа да се врати до егал со голот на Ади Алиќ кој со глава по нафрлување од Додев погоди за 1-1.

Двете екипи имаа по некоја шанса, а тимот на Александар Васоски беше поубедлив и поопасен. Најголемата закана ја имаше Додев пред финишот, ама не реализира.

Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Шкендија од Тетово и Шкендија од Арачиново. Реваншите се играат на шести мај.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×