Огромната плата која Манчестер Сити му ја нуди на Халанд

by
1 минути читање

По синоќешните
најави дека е закажен состанок помеѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд за
трансфер на Ерлинг Халанд, од Англија сега пристигнува информација дека
Манчестер Сити не се откажува од трката.

Како што
пренесува Дејли Мејл, „граѓаните“ се подготвени да го направат Норвежанецот
најплатениот фудбалер во Премиерлигата.

Весникот пишува
за неделна плата од 500.000 фунти (околу 600.000 евра), со што тој ќе има
поголеми примања од Кристијано Роналдо и Кевин Де Брајне.

Реал Мадрид нема
намера да стави вакви бројки на маса, па останува да се види дали ќе пресуди желбата
на Ерлинг Халанд да игра во Шпанија, или напаѓачот ќе ги одбере милионите.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×