Интер е пред
елиминација во Лигата на шампиони и за да имаат било какви шанси за пласман во
нок-аут рундата, избраниците на Антонио Конте мораат вечерва да победат на
гостувањето кај Борусија Менхенгладбах.
Подготовките за
мечот сепак не одат според платно, фудбалерите останале без сон откако утрово околу
4 часот имало огномет пред хотелот.
Исто така во
дворот на хотелот осамнал и транспарент со пораката „Запомнете, работите се подобри
со Кока-кола“.
Ова се однесува
на мечот од 1971 година кога Борусија Менхенгладбах го победила Интер со 7-1.
При резултат од 2-1, гостинскиот напаѓач Роберто Бонинсења бил погоден со
предмет во глава, односно со лименка Kока-кола, и морал да биде заменет.
Фудбалерите на
Интер барале мечот да се прекине, двете страни и судијата се натегале неколку минути но играта
продолжила. Гостите биле убдени дека службено ќе го добијат овој натпревар, па
не притискале и во продолжението примиле пет гола.
Според правилата,
Интер не можел да добие службена победа, но УЕФА нашла компромисно решение и
наредила преигрување. Повторниот натпревар се играл во Берлин и завршил со 0-0.
Претходно Интер дома славел со 4-2, па го продолжил настапот во тогашниот
Куп на Европски шампиони.