Официјално: Зума потпиша за Вест Хем

by
1 минути читање

Вест Хем кој одлично ја почна новата сезона и во моментов е лидер во Премиерлигата, се засили со дефанзивецот на Челси, Курт Зума.

„Вест Хем со задоволство може да соопшти дека потпиша договор со Курт Зума до летото 2025 година“, стои во соопштението на клубот.

Вест Хем за овој трансфер на Челси му плати 30 милиони евра.

„Многу сум среќен и горд. Мојот разговор со тренерот се одвиваше многу брзо. Почувствував дека тој навистна ме сака, дека сака да дојдам и да му се приклучам на тимот, на овој тим кој многу, многу добро ја почна сезооната. Со одличната мината сезона, му даде на тимот самодоверба да напредува оваа година и сакам да му помогнам на тимот во тоа“, вели Зума.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×