159
Реал Мадрид потврди дека Зидан одлучил да го напушти клубот.
„Реал Мадрид соопштува дека Зинедин Зидан одлучи да стави крај на овој престој како главен тренер во нашиот клуб. Ние мора да ја почитуваме неговата одлука и да му се заблагодариме за неговиот професионализам, посветеност и пасија низ изминатите години и што тој значи за Реал Мадрид. Зидан е една од големите икони на Реал Мадрид и неговото наследство се протега над се она што постиигна како тренер и играч во нашиот клуб. Тој е свесен дека има место во срцата на фановите на Реал Мадрид, овој клуб секогаш е неговиот дом“, се вели во соопштението на Реал Мадрид.