Официјално: Висар Муслиу ќе ја продолжи кариерата во Белгија!

by 24 фудбал
1 минути читање

Репрезентативниот стопер Висар Муслиу има нов клуб за втората полусезона, откако го раскина договорот со германски Падерборн.

Македонскиот репрезентативец е нов член на белгијски Сент Труден. Муслиу пристигна во Белгија, ги одработе медицинските тестови и парафира со тамошниот прволигаш. Тој веднаш ќе се стави на располагање на новиот тренер и ќе се обиде да се наметне во новата средина.

Во кариерата Муслиу преку Гостивар и Ренова стигна до Вардар. Следеше трансфер во Приштина, па играше и за Шкендија пред да се пресели во унгарски Фехервар. Во 2022 година Муслиу направи трансфер во Инголштад, а Падерборн го откупи во јули 2023 за 600.000 евра.

Оваа сезона Висар Муслиу забележа седум настапи во втората Бундеслига.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани