Официјално: ВБА му врачи отказ на Славен Билиќ

by
0 минути читање

Поради лошите резултати ВБА реши да му врачи отказ на Славен Билиќ. Одлуката била донесена пред вчерашниот дуел против Манчестер Сити, а ремито против силниот противник не го предомислило раководството на клубот.

„Вест Бромвич денеска се раздели со тренерот Славен Билиќ и неговиот стручен штаб“, се вели во соопштението на ВБА кој му се заблагодарија и му посакаа добра иднина на хрватскиот стратег.

Се очекува наскоро ВБА да соопшти дека Сем Алардајс ќе биде нивниот нов тренер.

Од 13 одиграни натпревари ВБА освои само седум бода и во моментов е на претпоследното место во Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×