Официјално: Ван Дајк потпиша нов договор со Ливерпул

by
0 минути читање

Ван Дајк се врати од повредата и подготвен е за стартот на новата сезона, а пред таа да почне тој потпиша нов договор со клубот.

„Вирџил ван Дајк денеска потпиша нов долгогодишен договор со Ливерпул“, стои во соопштението на клубот.

Договорот е со трајност до 2025 година.

„Чувството е неверојатно. Ова е нешто на што сум многу горд“, вели Ван Дајк по потпишувањето на договорот.

„Целата напорна работа која ја имавме досега продолжува и гледам оптимистички кон настапите за Ливерпул во иднина. Пресреќен сум и горд“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×