230
Њукасл го комплетираше првиот трансфер откако клубот го преземаа новите сопственици. Десниот бек, Киран Трипиер е ново засилување.
Њукасл за овој трансфер на Атлетико Мадрид ќе му плати 12 милиони фунти, плус додатна сума во бонуси.
Трипиер стави потпис на две и пол годишен договор со можност за продолжување за уште една година.
„Пресреќен сум што потпишав за Њукасл. Сите знаат дека фановите се неверојатно пасионирани и ќе дадам се за нив. Не можам да дочекам да почнам со работа“, изјави Трипиер.