2,2K
УЕФА денеска и официјално потврди дека Србија и Албанија ќе бидат заеднички организатори на Европското првенство во фудбал за фудбалери до 21 година во 2027 година.
Европското првенство ќе биде отворено во Нови Сад, а финалето е закажано на стадионот на Тирана кој ги исполнува условите за играње финале во вакво важно натпреварување.
Ова Европско првенство ќе биде и квалфикациски турнир за Олимписките игри бидејќи се играат една година подоцна во Лос Анџелес.
Србија ќе организира натпревари уште во: Лесковац, Лозница и Зајчеар, додека во Албанија натпревари ќе се играат и во: Скадар, Драч и Елбасан.