72
Медиумите од Италија
во петокот објавија дека Давиде Баларди ќе добие отказ по црната серија и
речиси два месеци без победа. Попладнево стигна и официјална потврда, Џенова
соопшти дека Андриј Шевченко е нов тренер.
Легендата на
Милан стави потпис на две ипол годишен договор и се обврза кон популарните
„рособлу“ до 30 јуни 2024.
„Стартуваме нова
авантура, да ја вратиме Џенова на славното минато“ – гласеше кратката порака од
Андриј Шевченко на социјалните мрежи.