22-годишниот фудбалер во Милан пристигна од Андерлехт во јануари 2020, кога дојде на позајмица до крајот на сезоната.
Во септември истата година потпиша перманентен договор со Милан, во меѓувреме петпати играше и за белгиската репрезентација.
Неговиот претходен договор со Милан истекуваше во 2024, но клубот задоволен од неговите настапи не сакаше ништо да ризикува па уште сега му понуди нов договор со трајност до 2026 година.
„Милан со задоволство може да соопшти нов договор со Алексис Салемакерсс до 30 јуни 2026“, соопшти клубот.
Reinforcing the Rossonero bond, Alexis is here to stay
Un legame rossonero sempre più forte: avanti insieme, Alexis! #SempreMilan pic.twitter.com/19zBdnm2Oa
— AC Milan (@acmilan) October 15, 2021