Жозе Мурињо повторно ќе седне на клупата на Реал Мадрид, а „кралевите“ за неговото враќање ќе издвојат сериозна сума.
Португалскиот стручњак доаѓа од Бенфика, а португалскиот клуб потврди дека за реализација на трансферот ќе добие 15 милиони евра обештетување. Интересно е што Реал претходно имал можност да го ангажира Мурињо за значително пониска сума, но поради одложувањето на конечната одлука, цената на неговиот ангажман во меѓувреме се зголемила.
„Бенфика може да потврди дека Реал Мадрид ќе исплати 15 милиони евра за потписот на Мурињо“, соопштија од португалскиот клуб.
За 63-годишниот стратег ова ќе биде камбек на „Сантијаго Бернабеу“, каде работеше од 2010 до 2013 година и остави значаен белег во клубот.