Официјално: Рангник е нов селектор на Австрија, но ќе работи и за Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Рангник потпиша договор со Фудбалската федерација на Австрија да биде селектор на оваа земја до 2024 година.

„Ќе го преземам националниот тим на Австрија по крајот на сезоната но ќе продолжам да бидам консултант на Манчестер јунајтед. Ќе му помогнам на Манчестер јунајтед повторно на биде вистинска сила“, изјави Рангник.

Манчестер јунајтед потврди дека Рангник ќе ја има консултантската улога за која од претходно беше предвиден и покрај тоа што стана селектор на Австрија.

„Рангник потпиша двегодишен договор со Австрија. Но тој ќе продолжи со консултантска улога на Олд Трафорд како што беше и планирано откако Тен Хаг беше именуван за нов тренер“, се вели во соопштението на Манчестер јунајтед.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×