148
Милан и
опфицијално потврди дека го откупил договорот на Фикајо Томори со Челси, со тоа
што 22 годишниот Англичанец сега во целост е под договор со „Росонерите“
Томори во Милано
пристигна на позајмица во јануарскиот преоден рок од Челси, а италијанскиот
вицепрвак ја искористи опцијата да го откупи неговиот договор со тоа што ќе
исплати обештетување во висина од 28 милиони евра.
„Можеме со
задоволство да потврдиме дека ја искористивме опцијата да го ангажираме целосно
Томори од Челси, тој одигра 22 меча и постигна еден гол изминатата сезона, а ќе
продолжи со нас до јуни, 2025 година“ стои во соопштението на Милан.