Официјално: Мењан е нов голман на Милан

by
1 минути читање

Милан денеска го промовираше Мајк Мењан за нов голман на тимот.

„Милан со задоволство може да го соопшти потпишувањето со играчот Мајк Мењан од Лил кој ќе му се приклучи на клубот од 1 јули 2021 година. Голманот потпиша договор со росонерите до 30 јуни 2026 година и ќе го носи дресот со број 16“, стои во соопштението на Милан.

Мењан е дел и од составот на француската репрезентација за Европското првенство.

Според италијанските медиуми, Милан за ангажман на Мењан на Лил ќе му плати 13 милиони евра плус два милиони во бонуси.

Неговото потпшување со Милан значи и крај на престојот на Донарума на Сан Сиро, тој е во потрага по нов клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×