306
Милан промовираше уште едно засилување за јануарскиот преоден рок, Марио Манџукиќ потпиша за росонерите.
„Милан со задоволство може да соопшти дека потпиша со Марио Манџукиќ. Клубот и напаѓачот се договорија за соработка до крајот на сезоната која може да биде продолжена за уште една сезона“, се вели во соопштението на Милан.
Манџукиќ ќе го носи дресот со број девет.