Официјално: Манчестер јунајтед му врачи отказ на Солшер и назначи привремен тренер

by
1 минути читање

Поразот од 4-1 на гостувањето кај Ватфорд беше капката која ја прели чашата и раководството на Манчестер јунајтед реши да му врачи отказ на Солшер.

„Манчестер јунајтед информира дека Оле Гунар Солшер ја напушти улогата на главен тренер. Оле секогаш ќе биде легенда на Манчестер јунајтед и со жалење ја донесовме оваа тешка одлука. Иако последните недели беа разочарувачки тие не треба да ја засенат целата работа која ја заврши тој во изминатите три години во кои ги обнови темелите за долгорочен успех“, стои во дел од соопштението на клубот.

Манчестер јунајтед потврди дека во наредните натпревари тимот ќе го води Мајкл Карик.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×