179
Како и неговиот татко, Кристијано Џуниор ќе го носи дресот со бројот 7.
На многу професионална презентација, младиот Кристијано Роналдо Џуниор беше презентиран како нов член на Манчестер јунајтед.
Не е првпат тој да го следи својот татко. Џуниор беше член и на младинската школа на Јувентус каде имаше импресивни настапи и покажа дека може да има сериозна фудбалска иднина.
Тој за младинските тимови на Јувентус одигра 28 натпревари, постигна дури 58 голови и имаше 18 асистенции.
Кристијано Роналдо Џуниор е роден на 17. јуни 2010 година.