Пелегрини се промовираше како клучен играч во тимот на Мурињо, па продолжувањето на неговиот договор е голем ден за Рома. Од неговиот стар договор е избришана и откупната клаузула која изнесуваше 30 милиони евра.
„Пелегрини потпиша петгодишен договор со клубот кој трае до 30 јуни 2026 година“, стои во соопштението на Рома.
Пелегрини е среќен што ќе продолжи да игра за клубот од неговиот град.
„Невозможно ми е да го опишам ова чувство, ова е тоа што отсекогаш сакав, да ја цементирам оваа врска меѓу мене, мојот тим и градот“, вели Пелегрини.
„Не можете да замислите поголемо чувство од ова“.
„Се чувствувам почестено дека сопственицит, Тиаго Пинто и тренерот секогаш ме гледале како многу важен играч, ќе се обидам да се оддолжам за таа верба секој ден на теренот со давање на 110 проценети и ќе правам се за да продолжам да напредувам“.