Официјално: Ливерпул го потврди засилувањето вредно 40 милиони фунти!

by riste
1 минути читање

Ливерпул го комплетираше трансферот на Милош Керкез од Борнмут за сума од 40 милиони фунти, тоа е третото сериозно засилување за Арне Слот ова лето.

Левиот бек ги помина медицинските прегледи и стави потпис на договор со Ливерпул.

„Ливерпул го комплетираше трансферот на Милош Керкез од Борнмут“, соопшти клубот.

Тие за овој трансфер на Борнмут му плаќаат 40 милиони фунти.

„Многу сум среќен. Голема чест за мене и привилегија е што дојдов тука, во еден од најголемите клубови во светот, најголемиот во англија. Навистина сум многу, многу среќен и возбуден“, рече Керкез.

Претходно Ливерпул ги потпиша Фримпонг и Вирц.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×