163
Лидс повторно ќе има македонски фудбалер, овојпат станува збор за Дитмир Хоџа кој во англискиот клуб пристигнува од Работнички.
Хоџа прво ќе игра за младинскиот тим на Лидс од каде ќе се обиде да се избори за место во првиот тим.
„Лидс со задоволство може да го соопшти потпишувањето со високо ценетиот напаѓач Дитмир Хоџа кој ќе игра за академијата до 21 година“, стои во соопштението.
Хоџа на 8. август наполни 18 години. Тој има настапи за младинските селекции на Македонија, до 17, до 18 и до 19 години.