168
Лидс го потврди ангажманот на Жунор Фирпо од Барселона кој стави потпис на четригодишен договор со англискиот клуб.
Тој треба да биде наследникот на Алиоски на левата бековска позиција иако може да игра и на другите места во одбраната.
Барселона ги откри деталите на договорот. На официјалниот сајт тие напишаа дека го продале Фирпо за 15 милиони евра, а ќе имаат и 20 проценти од неговиот следен трансфер.