1,4K
Eкипата на Гостивар го потврди трансферот на Ли Ирвин кој ќе стане првиот Шкотланѓанец кој заиграл во македонскиот фудбал.
Се работи за 30-годишен напаѓач кој во есенската полусезона играше за Хелсинки со кого настапи и во Конференциската лига, постигна три гола против Клаксвик од Фарски острови во ова натпреварување.
Претходно, освен во шкотското првенство, настапувал и во Либан, Иран и неколку англиски клубови од кои најпознат е Лидс Јунајтед чиј член бил во сезоната 2015/16, во Чемпионшип дивизијата.
Од него се очекува да биде големо засилување за Гостивар кој ќе има големи амбиции во вториот дел од сезоната