Официјално: Карвахал по 23 години заминува од Реал Мадрид

by Стефан
1 минути читање

Капитенот на Реал Мадрид, Дани Карвахал, по 23 години во клубот од кои 13 во првиот тим си заминува од „кралскиот клуб“.

Во прошталната порака до Карвахал, клубот го опиша како една од најголемите легенди во својата историја и во светскиот фудбал. Тој е меѓу ретките играчи кои освоиле шест титули европски шампион, а беше дел од генерацијата што го одбележа еден од најуспешните периоди на клубот.

Карвахал во Мадрид пристигна во 2002 година и помина вкупно 23 сезони во клубот, десет во младинската школа и 13 во првиот тим. Во тој период освои 27 трофеи, меѓу кои шест европски титули, шест светски клупски првенства, пет европски суперкупа, четири титули во Ла Лига, два Купа на Шпанија и четири Суперкупа на Шпанија.

Од него се прости и претседателот на клубот, Флорентино Перез, кој ја нагласи неговата важност за Реал Мадрид.

„Дани Карвахал е легенда и симбол на Реал Мадрид и на нашата младинска школа. Неговата фотографија со нашиот сакан и незаборавен Алфредо засекогаш ќе остане во срцата на сите навивачи и во историјата на клубот. Карвахал секогаш ги претставуваше вредностите на Реал Мадрид. Ова е и секогаш ќе биде негов дом“, изјави Перез.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×