171
Ла Лига потврди дека документите за трансферите на Антоан Гризман и Лук де Јонг пристигнале на време, двајцата се регистрирани за новите клубови.
Овие трансфери беа врзани со заминувањето на Саул Нигез во Челси, па целата операција беше комплицирана, но се заврши на време.
За да го донесе Гризман, Атлетико мораше да се ослободи од Саул кој исто така во последните моменти потпиша за Челси.
Исто и Барселона за да направи простор за регистрација на Лук де Јонг, мораше да го реализира трансферот на Гризман.