162
Во пресрет на последното коло од Серија А, Наполи беше во најдобра позиција за обезбедување на место во ЛШ, но одигра само 1-1 на свој терен против Верона и ќе мора да се задоволи со Лига Европа. Тоа беше и последниот меч за Гатузо на клупата на Наполитанците.
„Драг Рино, среќен сум што ги поминав изминатите две сезони со тебе. Ти благодарам за завршената работа, ти посакувам успех каде и да одиш. Исто праќам прегратка за твојата сопруга и децата“, му напиша Де Лаурентис на Гатузо.
Се очекуваше Гатузо да замине од Наполи дури и ако се пласираа во ЛШ, па одлуката се чини дека не е поврзана со неуспехот против Џенова.
Како опции за нов тренер на Наполи се споменуваат Сари, Алегри, Спалети…