510
Веќе неколку дена се знаеше дека Кабрал ќе биде новиот напаѓач на Фиорентина, но трансферот сега е комплетиран.
„Фиорентина со задоволство може да го соопшти ангажманот на Артур Кабрал од Базел на перманентен трансфер“, стои во соопштението на клубот.
Тој ќе го носи дресот со број 9.
Кабрал на 106 натпревари за Базел има постигнато 65 голови и 17 асистенции. Во моментов е најдобар стрелец во УЕФА Конференциската лига.
Фиорентина за овој трансфер на Базел му плаќа 16 милиони евра, а Кабрал ќе добива годишна плата од 1,7 милион евра.