Официјално: Феран Торес стана најскапиот Шпанец во историјата на Барселона!

by
1 минути читање

Феран Торес е
првото големо засилување за Чави, Барселона денеска го потврди неговиот
трансфер од Манчестер Сити. Детали не беа откриени, но медиумите пишуваат дека
се работи за зделка вредна 55 милиони евра, плус додатни 10 милиони евра во
бонуси.

Со вакви бројки,
Феран Торес стана најскапиот Шпанец во историјата на Барселона, претходно
рекордот му припаѓаше на Давид Виља за кого беа платени 40 милиони евра.

21 годишниот
офанзивен фудбалер се обврза кон Барселона до 2027, и доби откупна клаузула од 1
милјарда евра.

Нејасно е кога
тој ќе дебитира и тоа поради две причини. Првата е поврзана со повреда, Феран
Торес нема  настап од октомври месец. Втората
е поврзана со неговата регистрација, Ла Лига треба да даде зелено светло откако
ќе добие гаранции дека е направен простор во селари-капот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×