37
Веќе нема дилеми, Јан Диоманде е нов играч на Реал Мадрид, сагата заврши, клубовите го потврдија трансферот.
Реал Мадрид денеска објави дека постигнале договор со Лајпциг за трансферот.
„Реал Мадрид и Лајпциг постигнаа договор за трансфер на Јан Диоманде, кој потпиша договор со нас за следните седум сезони, до 2033 година“, стои во соопштението на кралскиот клуб.
Во наредните денови остана Реал Мадрид да реши уште две големи работи, продолжувањето на договорот со Винисиус и ангажманот на Родри.