Диого Жота се покажа како важен играч откако пристигна од Вулвс, па Ливерпул го награди со нова долгорочна соработка.
„Диого Жота потпиша нов долгогодишен договор со Ливерпул“, стои во соопштението на клубот.
Тој вели дека е навистина грод што успеал да го оствари тоа што го зацртал кога пристигнал во Ливерпул, да стане важен играч за тимот.
„Навистигна сум горд. Очигледно е дека откако дојдов пред две години, се наметнав како еден важен играч за тимот, тоа ми беше целта од почетокот“, открива Жота.
„Сега потпишувам нов долгогодишен договор, и јасно е дека и клубот смета дека сум се докажал себеси како фудбалер“.
Диого Жота моментално се опоравува од повреда која ја заработи на крајот од сезоната во настап за Португалија. Наскоро ќе се врати во игра.