Официјално: Диего Коста и Атлетико „раскинаа“ со специјална клаузула

by
1 минути читање

Диего Коста
минатата недела побара од Атлетико Мадрид да биде ослободен од последните шест
месеци од договорот поради семејни причини. „Колчонероси“ му ја исполнија желбата, но со
специјална клаузула.

„Атлетико Мадрид
и Диего Коста постигнаа согласност за прекин на соработката кој требаше да трае до 30. јуни 2021 година. Бразилецот со шпански пасош пред неколку дена побара
од клубот да замине поради лични причини и денеска ги потпиша документите за
терминација на договорот“
– гласеше известувањето.

Медиумите од
Шпанија пишуваат дека прекинот на договорот е со специјална клаузула, односно
Диего Коста ќе мора да плати доколку потпише за директен ривал.

Поставена е сума
од 15 милиони евра доколку заврши во клуб како Барселона
, Реал Мадрид или Севиља и сума од 4 милиони евра
доколку заврши во клуб кој се натпреварува во Лигата на шампиони.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×